
Одржување и поддршка
Креирањето на Веб сајт или Веб апликација е само почеток.
Одржувањето и ажурирањето на сајтот или на апликацијата е витален дел од нивниот континуиран успех.
Вие сакате вашите посетители постојано да се враќаат, сакате да бидете сигурни дека информацијата за вашиот продукт е точна и треба да знаете дали вашата промоција ја погодува целта.
Ние разбираме дека сакате вашата апликација да биде надградувана на најефикасен можен начин. SDC ви дава пристап до најновите верзии на продуктите.
Поддршката на клиентите е тука за да ви помогне со проблемите на кои би можеле да наидете секојдневно.
Наша цел е клиентите да имаат позитивно искуство од соработката со SDC.