
Развој на апликации
Креирање на веб сајтови и развој на веб апликации претставуваат две различни услуги.
Основната намена на веб сајтот е да овозможи веб присуство.
Од друга страна пак Веб апликациите им овозможуваат одредени функционалности на корисниците.
Различни апликации имаат многу заеднички функционалности.
На пример, веб апликациите користат бази на податоци, овозможуваат регистрација на корисници и авторизации. Корисниците на веб апликациите можат да управуваат со своите профили, да ги вратат заборавените лозинки, да го менуваат изгледот на апликацијата итн.
Се разбира, веб апликациите се разликуваат во зависност од намената за која се направени.
На пример апликација за управување со човечки ресурси може да биде многу различна од он лајн апликација за коцкање.
Она што е заедничко за веб апликациите е дека тие бараат повеќе програмерски напори и се тешки за развивање бидејќи покрај HTML кодинг и едноставни скрипти тие бараат софистицирани бекенд програмерски техники, база на податоци, мрежна интеракција итн.
Што може да ви понуди нашата компанија ?
SDC тимот има искуство во развој на веб апликации.
Java ЕЕ е технологијата што ја користиме за развој на веб апликациите.
Сепак, во зависност од вашите потреби ние можеме да ви обезбедиме развој на апликации под различни платформи, посебно со PHP и MySQL.