
CoHR
CoHR е Веб Апликација за Управување со Човечки Ресурси која се преработува од страна на SDC тимот.
Преработката на Co-HR апликацијата е еден од нашите најголеми проекти на кој сеуште се работи.
Ние ја подобривме апликацијата со менување на интерфејсот и со додавање на многу нови функционалности што ја олеснуваат администрацијата од страна на корисниците.
Како работи оваа апликација ?
Оваа апликација за управување со Човечки Ресурси ја поедноставува работата во вашата компанија и ги намалува административните трошоци.
Секој вработен има свој логин и свој профил што може да го менува во секој момент, каде и да се наоѓа. Сè што му е потребно е интернет конекција.
Сите податоци за секој вработен се достапни онлајн.
Раководниот тим може лесно да ги најде и да управува со сите потребни информации за вработените како што се : барања за одмор, пријавување на отсуства и боледувања, информации за плата и бонуси итн.
Апликацијата е :
• Достапна преку Интернет и затоа не е потребна нејзина инсталација
• Повеќејазична
• Лесна за управување и користење
• Овозможува комплетно управување на сите процеси поврзани со човечки ресурси