Неколку совети за подобар рејтинг на вашиот сајт
24.08.2010 15:56(Default category)
Сигурно се прашувате како да го зголемите бројот на посетители на вашиот сајт и со тоа да ги зголемите вашите приходи.
Без разлика на тоа која е целта на вашиот сајт сигурно се стремите кон поголем број на посетители кои би дошле во допир со вашите содржини. Најпознатиот и најраспространетиот начин на кој корисниците доаѓаат до информации за некој продукт или услуга е преку интернет пребарувачите.
Статистиките покажуваат дека корисниците разгледуваат најмногу до 2 страни од оние кои се прикажуваат во резултатите од пребарувањето. Заради тоа колку повисоко котирате толку полесно ќе бидете пронајдени.
Вашиот рејтинг на интернет пребарувачите е важен.
SEO
Постојат неколку начини да го зголемите рејтингот на вашиот сајт. Еден од нив е SEO (Search Engine Optimization) кој во моментов е еден од најефикасните и најисплатливите начини за добро котирање на интернет.Интернет пребарувачите како Google, Yahoo и останатите функционираат на тој начин што ги “пуштаат“своите web crawlers (познати и како пајаци) да “шетаат“ и да собираат информации од веб страниците.
Затоа е многу важно при креирање на веб страницата да се внимава на следниве елементи од кои пребарувачите црпат информации :
1.Одберете keywords (клучни зборови). Направете листа со клучни зборови кои се важни за вашиот бизнис. Размислете добро кои зборови ќе ги привлечат корисниците и ќе ви овозможат добро да се продадете и кои зборови најдобро го отсликуваат тоа што го работите и фокусирајте се на нив.
2. Ставајте клучни зборови во title-от на страната. Насловот на страната е една од најважните работи кои Google и другите пребарувачи ги земаат во предвид за да ја одредат содржината на страната.
3. Клучни зборови во URL-то на страната. Google и другите пребарувачи исто така го користат текстот на URL-то на страната за да ја одредат содржината на страната. Клучните зборови или реченици значи исто така треба да се користат и во URL-то на веб страната.
4. Клучни зборови во мета опис.Описот на страната кој се појавува како текст во резултатите од пребарувањето исто така е важен за пребарувачите и треба да содржи клучни зборови. Описот треба да биде читлив и не премногу долг.
5. Клучни зборови во h1. H1 е насловот на одреден натпис или bold текст со поголем фонт што стои најгоре на секоја страна. Пребарувачите го гледаат овој текст и им даваат големо значење на зборовите кои се ставени во h1 текстот.Употребувајте клучни зборови во h1 на страната.
6. Клучни зборови во содржината на страната. Ставањето на клучни зборови во содржината на страната им сигнализира на пребарувачите дека страната се фокусира на клучните зборови и дека треба да се појави во резултатите од пребарувањето.
Линкови – Овие таканаречени пајаци на пребарувачите исто така ги земаат во предвид и надворешните линкови кои ги има на вашиот сајт и линковите кои водат кон вашиот сајт од други веб страници. Затоа е многу важно да правите размена на линкови и да соработувате со веб сајтови кои се блиски до вашата професионална дејност. Ова е многу ефикасен и бесплатен начин за подобро котирање на интернет.
Не заборавајте дека секој од овие елементи е важен и не треба да се занемарува доколку сакате да бидете успешни во своето веб присуство.